ПСАЛМИ 65 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Божја сила и благост1. Фала Му на Бога на СионЗа началник на пејачи. Давидов псалм за пеење.

1Боже, Тебе Ти припаѓа песна на Сион, пред Тебе се исполнува заветот -

2Ти ја послушуваш молитвата. Секое тело доаѓа при Тебе.

3Нашите гревови натежнаа, нашите престапи Ти ги очистуваш.

4Блажен кого го избра и го зеде при Себе: тој живее во Твоите дворови. Да се наситиме со благата на Твојот дом и со светоста на Твојот Храм.

2. Јавување на Божја сила

5Чудесно нѐ услишуваш во Својата правда, о Боже, наше спасение, надеж на сите краишта на светот и на далечните мориња.

6Ги утврдуваш планините со Својата јачина, препашан со сила.

7Ги скротуваш: шумот на морето, шумот на брановите и вревата на народите.

8Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите.

3. Пројава на Божја благост

9Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата:

10ѝ ги напојуваш браздите, ѝ ги израмнуваш грутките; ја размекнуваш со дожд, ѝ ги благословуваш посевите.

11Ти ја овенча годината со Својата благост, плодност никнува зад Твоите стапалки.

12Пустинските пасишта капат од изобилство, ридовите се препашуваат со радост.

13Ливадите се китат со стада, долините се покриваат со жито; насекаде радосни воскликнувања, песна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help