1Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистина, и не само јас, туку и сите, кои ја познаа вистината,
2заради вистината, што останува во нас и што ќе биде со нас довека.
3Благодат, милост и мир ќе бидат со нас од Бог Таткото и од Господа Исуса Христа, Синот на Таткото, во вистина и љубов.
Бодрење кон меѓусебна љубов4Многу се зарадував зашто меѓу твоите деца најдов такви, кои одат во вистината, како што примивме заповед од Таткото.
5И сега те молам, госпоѓо, - не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почеток: да се љубиме еден друг.
6А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди. Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.
Опасност од лажни учители7Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист.
8Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда.
9Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.
10Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го;
11зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.
Поздрави12Имам многу да ви пишувам, ама не сакам со книга и мастило, туку се надевам дека ќе ви дојдам и усно да зборувам со вас, за да биде нашата радост полна.
13Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
