1Добро е да се слави Господ и да се пее на Твоето Име, Сѐвишен;
2да се навестува Твојата љубов наутро и Твојата верност ноќе;
3на харфа со десет жици и на псалтир, со песна на лира.
4Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце.
2. Крај на безбожник5Колку се големи Твоите дела, Господи, и длабоки се Твоите замисли!
6Безумниот човек не сознава, и неукиот не сфаќа.
7И ако безбожниците никнуваат како трева, и ако цветаат сите, кои прават зло, одредени се за вечна пропаст;
8а Ти, Господи, остануваш возвишен довека.
9Навистина, Твоите непријатели, о Господи, Твоите врагови ќе пропаднат: ќе се распрснат сите, кои прават беззаконие.
10Ми го воздигна рогот како во бивол, ме помаза со пречисто масло;
11и моето око гледа од високо на непријателите, и моите уши слушаат за оние, кои стануваат против мене.
3. Блаженство на праведникот12Праведникот цвета како палма, и расте како ливански кедар.
13Засадените во Господовиот Дом цветаат во дворовите на нашиот Бог.
14Тие и во старост донесуваат плодови: сочни и свежи:
15за да навестат дека Господ е праведен; моја Тврдина - и нема неправда во Него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
