БИТИЕ 13 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1Така Аврам излезе од Египет кон Негев, (на југ) со својата жена и со сѐ што имаше, и Лот отиде со него.

2Аврам беше многу богат со добиток, сребро и злато.

3Одеше од место до место, од јужната страна до Ветил,

4до местото каде го имаше оптегнато неговиот шатор отпорано, меѓу Ветил и Гај, и каде подигна жртвеник. Таму Аврам го повика Господовото име.

5Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори,

6така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно.

7Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја.

Лот го избира Содом

8Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа.

9Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.“

10Лот ги подигна очите и согледа колку е добро наводнувана Јорданската Долина, како некаква Господова градина, како Египетската Земја сѐ до Сигор, пред Господ да ги истреби Содом и Гомор.

11Затоа Лот ја избра целата Јорданска Долина и замина на исток. Така се одделија еден од друг.

12Аврам остана во Ханаанската Земја, додека Лот живееше во градовите на рамницата и ги преместуваше своите шатори до Содом.

13А жителите на Содом беа многу зли и грешни пред Господа.

14Господ му рече на Аврама, откако Лот се оддели од него: „Подигни ги своите очи, од местото каде си, и погледај кон север, југ, исток и запад,

15зашто сета земја, што можеш да ја видиш, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето потомство довека.

16Ќе го направам твоето потомство како прав на земјата. Ако некој може да го изброи правот на земјата, тогаш ќе може да го преброи и твоето потомство.

17Стани! Помини ја земјата надолж и нашироко, зашто тебе ќе ти ја дадам.“

18Тогаш Аврам ги крена шаторите и дојде и се насели при дабот Мамра, што е во Хеврон. Таму Му направи жртвеник на Господа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help