2 ЛЕТОПИСИ 17 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Г. Јосафатово царување1. Јосафатова побожност

1Тогаш на неговото место се зацари син му Јосафат; тој ја покажа својата сила против Израел.

2Ја размести војската по сите утврдени јудејски градови и постави намесници по Јудејската Земја и по Ефремовите градови, кои ги беше зазел неговиот татко Аса.

3Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на својот татко Давид и не ги побара Вааламите.

4Го бараше Бога на своите татковци и одеше според Неговите заповеди не правејќи како Израелевите синови.

5Затоа Господ го зацврсти царството во неговата рака, па сите Јудејци му даваа данок на Јосафата, така што придоби големо богатство и слава.

6Неговото срце се охрабруваше на Господовите патишта, па ги отстрани уште и високите места и ашерите од Јудеја.

2. Поучување од свиток на Законот

7Во третата година на царувањето ги испрати кнезовите Вен-Хаил, Овадиј, Захариј, Натанаил и Михеј за да учат по јудејските градови.

8И со нив левитите: Семај, Натаниј, Зевадиј, Асаил, Семирамот, Јонатан, Адониј, Товиј и Тов-Адониј; а со нив свештениците Елисам и Јорам.

9Поучуваа по Јудеја носејќи го со себе Свитокот на Господовиот Закон и ги обиколуваа сите јудејски градови, учејќи го народот.

3. Јосафатова сила и богатство

10Господовиот страв ги опфати сите земни царства околу Јудеја, така што не смееја да завојуваат против Јосафат.

11Некои Филистејци сами му донесуваа дарови и данок во сребреници, а Арабјаните му донесуваа ситен добиток: по седум илјади и седум стотини овни и седум илјади и седум стотини јарци.

12Така Јосафат напредуваше сѐ повеќе додека не стана многу голем. Изгради во Јудеја стражарници и градови - складишта.

13Имаше многу работи во јудејските градови, а храбри јунаци во Ерусалим.

14Еве го нивниот попис според семејствата: од Јудиното племе илјадниците: началникот Адна и со него триста илјади храбри јунаци;

15до него началникот Јоанан и со него двеста и осумдесет илјади;

16по него Зихриевиот син Амасиј, кој се стави подготвено во Господова служба, со двеста илјади храбри јунаци.

17Од Венијаминовото племе: храбриот јунак Елијад и со него двеста илјади луѓе вооружени со лак и со штит;

18по него Јозавед и со него сто и осумдесет илјади готови за бој.

19Тоа се оние кои му служеа на царот, не броејќи ги оние што царот ги имаше наместено во тврдите градови по сета Јудеја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help