1Во шестата година, во шестиот месец, во петтиот ден, додека седев во својата куќа, а пред мене јудејските старешини, Господовата рака се спушти на мене.
2Погледнав, и ете: тука како некој човек; од неговите слабини надолу како оган, а од неговите слабини нагоре како блескање, нешто слично на усвитена ковина.
3Испружи нешто слично на рака и ме фати за косата на главата. Тогаш Духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме однесе во Божји привид во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, што е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората што предизвикува љубомора.
4И ете, таму беше Славата на Израелевиот Бог, како што ја видов во долината.
б. Идол на ревност5И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!“ И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот.
6И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!“
в. Поклонување на идоли и слики7И ме поведе до вратата на дворот. Погледнав, и ете, пукнатица во ѕидот.
8И ми рече: „Човечки сине, пробиј го тој ѕид!“ Го пробив ѕидот, а тоа - влез!
9И ми рече: „Влези и погледај ги стравотните гадности што тука се прават!“
10Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сѐ идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.
11А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.
12И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што во таа темнина прават старешините на Израелевиот дом, секој во својата насликана соба? И уште зборуваат: ‘Господ не нѐ гледа, бидејќи Господ ја напушти земјата!’
13И уште ми рече: „А ќе видиш и полоши гнасности што се прават тука!“
г. Поклонување на Тамуз14И ме поведе до вратата на Господовиот Дом што се свртени кон север. И ете, таму седеа жени и го оплакуваа Тамуза.
15И ми рече: „Гледаш ли, човечки сине? А ќе видиш и полоши гнасности од овие!“
д. Поклонување на сонце16И ме поведе во внатрешниот двор на Господовиот Дом. Таму, при влезот во Господовиот Храм, меѓу тремот и жртвеникот, имаше околу дваесет и пет луѓе, свртени со плеќите кон Господовиот Храм, а со лицето кон исток, и таму кон исток му се поклонуваа на сонцето
17И ми рече: „Дали го гледаш тоа човечки сине? Малку ли се во Јудиниот Дом сите овие гнасности што ги прават тука, туку уште ми ја полнат земјата и со насилство, и Ме предизвикуваат повторно, и мавтаат со гранки пред носот?
18Затоа и Јас ќе постапам сега со нив јаросно, и Моите очи веќе не ќе се сожалат, и нема да им се смилувам. И кога ќе почнат да викаат со сиот глас во Моите уши, нема да ги послушам.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.