2 ЛЕТОПИСИ 16 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

4. Грешен сојуз на Аса со Вен-Адад

1Во триесет и шестата година на Асиното царување, израелскиот цар Васа навали на Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да го спречи секое движење кон јудејскиот цар Аса.

2Тогаш Аса зеде сребро и злато од сокровиштето на Господовиот Дом и од царскиот дворец и му ги испрати на арамејскиот цар Вен-Адад, кој престолуваше во Дамаск, и му порача:

3“Сојуз нека биде меѓу мене и тебе, како што беше меѓу мојот и твојот татко; еве, ти праќам за дар сребро и злато, ајде, раскини го сојузот со израелскиот цар Васа, за да си отиде од мене.“

4Вен-Адад го послуша царот Аса и ги испрати своите војсководачи против израелските градови, та тие ги покорија Ијон, Дан, Авел-Мајин и сите Нефталимови градови во кои имаше складишта.

5А кога Васа научи за тоа, прекрати да ја утврдува Рама, и ја запре работата.

6Тогаш царот Аса ги повика сите Јудејци, и тие ги однесоа камењата и дрвата со кои Васа ја утврдуваше Рама, па со тоа ги утврдија Гаваја и Миспа.

5. Ананиј го укорува Аса

7Во тоа време дојде гледачот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи се потпре врз арамејскиот цар, а не се потпре на Господа, својот Бог, војската на арамејскиот цар ти се извлече од раката.

8Немаа ли Етиопците и Либијците силни чети со мошне многу коли и коњаници? Па кога се потпре врз Господа, ти ги предаде во рацете.

9Зашто Господ гледа со своите очи по целата земја, за да се охрабрат оние на кои срцето им е искрено кон Него. Работеше безумно во тоа, затоа отсега ќе се дигаат војни против тебе.“

10Тогаш Аса се разгневи на гледачот и го фрли во темница, зашто се разјари на него. Во тоа време Аса угнети и некои од народот.

6. Асина болест и смрт

11И ете, Асините дела, од првото до последното, се запишани во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.

12Се разболе во триесет и деветтата година на царувањето, од нозете, та болеста му се влоши многу, но ни во болеста не Го бараше Господа, туку лекари.

13Така Аса почина со своите татковци и умре во четириесет и првата година на своето царување.

14Го погребаа во гробницата, што ја имаше ископано за себе, во Давидовиот Град и го положија на одар, што го имаше наполнето со мириси и масти, приготвени со аптекарска вештина, и му ги спалија мошне многу.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help