1 САМОИЛ 27 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Д. Саул загинува во војна против Филистејци1. Давидово бегство кај Филистејциа. Давид при гатскиот цар Ахис

1Давид си рече во себеси: „Сепак ќе загинам еден ден од Сауловата рака. Затоа нема ништо подобро за мене туку да се спасам во земјата на Филистејците. Тогаш Саул ќе прекрати да ме бара натаму по сите израелеви краеви, и ќе се избавам од неговата рака.“

2И така Давид се крена и помина, со шест стотини луѓе што ги имаше, кај Ахис, синот Маохов, цар на Гат.

3Давид се настани кај Ахис во Гат, тој и неговите луѓе, секој со своето семејство, а Давид со своите две жени, Езраелката Ахиноама и Авигеја, Наваловата жена од Кармил.

4Кога Саул научи дека Давид избега во Гат, веќе не го гонеше.

б. Ахис му го дава на Давида градот Сиклаг

5Давид му рече на Ахиса: „Ако најдов милост во твоите очи, нека ми дадат место во еден град во земјата, за да се населам во него. Зошто твојот слуга да живее кај тебе во царскиот град?“

6Во истиот ден Ахис му го даде Сиклаг. Затоа Сиклаг им припаѓа до денешен ден на царевите на Јуда.

7И Давид остана во Филистејската Земја една година и четири месеци.

2. Давидови воени походи

8Давид со своите луѓе излегуваше да ги ограбува Гесурците, Герзејците и Амаликците, зашто тоа беа древни жители на земјата од Телам преку Сур сѐ до Египетската Земја.

9Давид ја запустуваше земјата не оставајќи во живот ни маж ни жена, ограбуваше овци и говеда, ослици, камили и облеки, и се враќаше да му го донесе сѐ тоа на Ахиса.

10Ахис го прашуваше: „Каде ограбувавте денес?“ А Давид одговараше дека ограбувале во Јудиниот Негев или во Ерамеилскиот Негев или во Кенејскиот Негев.

11Давид не оставаше во живот ни маж ни жена за да ги доведе во Гат, зашто мислеше: „Би можеле да нѐ обвинат и речат: ‘Давид правеше така.’“ Имаше таков обичај за сето време додека престојуваше во Филистејската Земја.

12Ахис му веруваше на Давида и велеше во себе: „Толку се замразил со својот народ Израел! Затоа ќе ми биде слуга довека!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help