1Тешко им на оние кои слегуваат во Египет за помош и се надеваат на коњите, па се надеваат на многу коли и на мноштво коњаници, не гледајќи со надеж во Израелевиот Светец, и не барајќи совет од Господа.
2Но и Тој е мудар, и ќе донесе зло, и не ќе ги одрече Своите закани; Тој ќе стане против злосторничкиот дом и против беззаконичката помош.
3Египетецот е човек, а не Бог; неговите коњи се тело, а не дух; кога Господ ќе замавне со раката, ќе се сопне помагачот, и ќе падне оној кому му помага - сите заедно ќе пропаднат.
2. Повик кон надеж во Господа4Да, вака ми рече Господ: „Како што лавот или лавчето ‘ржи и чкрта со забите над пленот, па и кога ќе стрчаат кон него мноштво пастири, тој не се исплашува од нивната викотница, ниту се грижи за нивната врева - така Господ над Воинствата ќе слезе да војува за гората Сион, за нејзината височина.
5Како птиците што мавтаат со крилјата, Господ над Воинствата ќе го закрилува Ерусалим, ќе го засолнува, ќе го избави, ќе го поштеди и ќе го спаси.
6Вратете се при Оној од Кого отпаднавте толку длабоко, синови Израелеви.
7Да, во оној ден, секој ќе ги презре своите сребрени и златни ликови што со своите раце ги направија за свој грев.
8„Асирецот не ќе падне од човечки меч; меч ќе го проголта, но не човечки. Ќе бега од меч, и неговите момчиња ќе плаќаат данок.
9Исплашен, ќе го остави својот рид, заплашени, кнезовите ќе бегаат од своето знаме“ - слово е на Господа, чиј оган е на Сион и чија печка е во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
