1Во Ефремовото племе имаше човек по име Миха.
2Тој ѝ рече на мајката: „Илјадата и сто сребрени сикли што ти беа украдени и заради кои изусти клетва - моите уши ја чуја - тие сребреници се кај мене, јас ги зедов.“ Мајка му му одговори: „Господ да те благослови, сине мој!“
3И Миха ѝ врати илјада и сто сребрени сикли. А мајка му му рече: „Тие сребреници Му ги посветив на Господа од својата рака за тебе, сине мој, за да биде изработен за тоа режан или леан лик. И еве, затоа ги давам.“
4Мајката зеде двеста сребрени сикли и му ги даде на златарот. Тој направи од нив режан и леан кип, што го поставија во Михината нова куќа.
5Тој му изгради светилиште, потоа направи ефод (наплеќник) и терафим (куќни идоли) па посвети еден од своите синови за да му биде свештеник.
6Во тоа време немаше цар во Израел, и секој работеше што сакаше.
2. Миха му предлага на левит да му стане свештеник7Беше еден млад човек од Витлеем во Јуда, од Јудиното племе; беше левит и престојуваше таму како придојденик.
8Тој човек си отиде од градот Витлеем, во Јуда, за да се настани во некое згодно место како придојденик. Патувајќи дојде до Михината куќа во Ефремовата Гора.
9Миха го праша: „Од каде доаѓаш?“ „Јас сум левит од Јудиниот Витлеем - му одговори тој - и патувам да се настанам некаде.“
10“Остани кај мене - му рече Миха - и биди ми татко и свештеник, а јас ќе ти давам по десет сребрени сикли годишно, облека и храна.“ И левитот влезе.
11Левитот се согласи да остане кај него, и младиот човек му беше како еден од синовите.
12Миха го посвети левитот за свештеник; младиот човек стана негов свештеник и живееше во Михината куќа.
13“Сега знам - рече Миха - дека Господ ќе ми направи добро кога имам левит за свештеник.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
