1Кога излезе Израел од Египет и Јакововиот дом од народот со туѓ јазик,
2Јудеја Му стана светилиште, а Израел Негово Царство.
3Морето виде и побегна, а Јордан се повлече назад.
4Планините скокаа како овни и ридовите како јагниња.
5Што ти е, море, што побегна? Јордане, зошто завртуваш назад?
6Планини, зошто скокате како овни, и вие, ридови, како јагниња?
7Трепери, земјо, пред Господовото лице, пред лицето на Јакововиот Бог.
8Тој ја претворува карпата во водно езеро, и каменот во воден извор.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
