ЕЗЕКИЕЛ 48 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Ѕ. Делба на земја меѓу племиња1. На северен крај

1А ова се имињата на племињата: од крајниот север покрај патот за Етлон кон влезот во Емат и Асар Енан, од Дамасканскиот крај на север вдолж Емат, од исток до запад - Дановиот дел.

2Покрај Дановото подрачје, од исток до запад - Асировиот дел.

3Покрај Асировото подрачје, од исток до запад - Нефталимовиот дел.

4Покрај Нефталимовото подрачје, од исток до запад - Манасиевиот дел.

5Покрај Манасиевото подрачје, од исток до запад - Ефремовиот дел.

6Покрај Ефремовото подрачје, од исток до запад - Рувимовиот дел.

7Покрај Рувимовото подрачје, од исток до запад - Јудиниот дел.

2. Подрачје за Светилиште, за свештеници и левити

8Покрај Јудиното подрачје, од исток до запад - нека биде задржано подрачјето што ќе Му го принесете на Господа; дваесет и пет илјади лакти во ширина, а во должина како секој друг дел, од исток до запад. Светилиштето нека биде во средина.

9Тоа задржано подрачје што ќе Му го принесете на Господа, нека биде долго дваесет и пет илјади лакти, широко десет илјади.

10Тоа свето, принесено подрачје за свештениците нека биде на север дваесет и пет илјади лакти; кон запад широко десет илјади; кон исток широко десет илјади; кон југ долго дваесет и пет илјади. Господовото Светилиште нека биде во средина.

11А на посветените свештеници, на Садоковите потомци, кои што Ми служеа верно и не застранија, како левитите, кога застранија Израелевите синови:

12ним ќе им припадне дел од тоа најсвето подрачје на земјата, покрај левитското подрачје.

13А на левитите, исто како и на свештеничкото подрачје: дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина - вкупно дваесет и пет илјади лакти во должина, десет илјади во ширина.

14Од тоа ништо не смее да се продаде ни да се замени; врз никого не смее да се пренесува таа првина на земјата, зашто Му е посветена на Господа.

3. Подрачје за град

15Пет илјади лакти во ширина, што ќе останат од оние дваесет и пет илјади, нека биде општо подрачје: за градот, за населбата и за чистината. Градот нека биде во средина.

16Еве ги мерите: на север четири илјади и пет стотини лакти; на исток четири илјади и пет стотини; на запад четири илјади и пет стотини.

17А чистината околу градот: двеста и педесет лакти кон север, двеста и педесет кон југ, двеста и педесет кон исток, двеста и педесет кон запад.

18Што ќе остане во должина, вдолж на светото подрачје - десет илјади лакти кон исток и десет илјади кон запад, вдолж на светото подрачје - тоа нека биде за издржување на оние кои му служат на градот.

19Тие што му служат на градот ќе се земат од сите Израелеви племиња.

20И така, сето задржано подрачје - дваесет и пет илјади лакти по дваесет и пет илјади лакти, во четириаголник - ќе Му го принесете на Господа: и светото подрачје и градскиот имот.

4. Дел за кнез

21На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сѐ тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.

22Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.

5. Предел на југ од Светото Подрачје

23Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

24Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.

25Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.

27Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.

28Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.

29Тоа е земјата што ќе им ја поделите со жрепка во наследство на Израелевите племиња, тоа се нивните делови“ - говори Господ Бог.

6. Град и негова врата: „Господ е тука“

30И еве ги излезите на градот: на северната страна - четири илјади и пет стотини лакти.

31Градските врати ќе бидат наречени според имињата на Израелевите племиња. Три врати кон север: Рувимовата Врата, Јудината Врата, Левиевата Врата.

32Кон источната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Јосифовата Врата, Венијаминовата Врата, Дановата Врата.

33Кон јужната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Симеоновата Врата, Исахаровата Врата, Завулоновата Врата.

34Кон западната страна: четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Гадовата Врата, Асировата Врата, Нефталимовата Врата.

35Сѐ наоколу: осумнаесет илјади лакти. А името на градот ќе му биде: „Јахве Шама“ („Господ Е Таму“).

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help