1И овие се Соломонови поуки, кои ги собраа луѓето на Езекија, царот јудејски:
2Слава Божја е да крие работа, а царската слава да ја истражува.
3Неистражливи се: небото во височината, земјата во длабочината и царевото срце.
4Отстрани ја згурата од среброто и ќе успее работата на златарот.
5Отстрани го нечесниот од пред царот и неговиот престол ќе се зацврсти во правда.
6Не воздигнувај се пред царот, и не седнувај на местото на големците,
7зашто е подобро да ти се рече: „Искачи се горе“, отколку да те понижат пред начелникот.
8Тоа што ти го видоа очите не го изнесувај пребргу на расправа; зашто што ќе направиш на крајот, кога ќе те засрами и твојот ближен?
9Реши го спорот со својот ближен, и не откривај ја тајната на друг,
10за да не те укори кој ќе чуе, и твојот углед срушен да биде.
11Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови.
12Мудрецот што изобличува е златен прстен и ѓердан од тенко злато за внимателното уво.
13Верниот гласник, за оној што го праќа, е како снежна ладовина во време на жетва: тој ја крепи душата на својот господар.
14Кој се фали со лажлив дар, тој е како облак и ветер без дожд.
Б. Другар и непријател15Со воздржливост се ублажува управител, а мекиот јазик крши и коски.
16Кога ќе најдеш мед, јади умерено, за да не се прејадеш и да го изблуваш изеденото.
17Ретко влегувај во куќата на твојот ближен, да не се засити од тебе и да те замрази.
18Човек кој сведочи лажно против својот ближен, тој е како палица, и меч, и остра стрела.
19Безбожничката надеж во денот на неволјата, е како гнил заб и нога што трепери.
20Како оној што соблекува облека во зимски ден или потурува киселина врз раната, таков е оној што му пее песна на ожалостено срце.
21Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода, зашто така му натрупуваш жар на главата, и Господ ќе те награди.
23Северниот ветер донесува дожд, а потајниот јазик - разгневено лице.
24Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.
25Како студена вода за жедно грло, таква е добрата вест од далечна земја.
26Како затрупан кладенец и заматен извор, таков е праведникот кој трепери пред нечесниот.
27Да се јаде многу мед не е добро, ниту да се бара претерана слава.
28Разурнат град и без ѕидови, таков е човекот, кој нема власт над себеси.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.