ЗАХАРИЈА 11 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

3. Отфрлање на Цар-Месијаа. Понижување на Израелева гордост

1Отвори ја вратата, Ливанону, огнот нека ти ги изгори кедровите!

2Лелекај, чемпресу, зашто падна кедарот, зашто се упропастени силниците! Ридајте, васански дабови, зашто е исечена најгустата гора.

3Чуј го ридањето на пастирите, запустен е нивниот сјај! Чуј го рикањето на лавчињата, запустена е јорданската гордост!

б. Отфрлање на Добриот Пастир од Неговиот народ

4Господ мојот Бог ми рече вака:

5„Паси ги овците за колење! Нивните купувачи ги колат неказнето, а кои ги продаваат велат: ‘Благословен да биде Господ, се збогатив!’ и нивните пастири не ги штедат.

6Ни Јас веќе не ќе ги штедам жителите на земјата - говори Господ - туку: еве, го предавам секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ќе ја разурнат земјата, а Јас нема да ги избавам од нивните раце.“

7Почнав да ги пасам овците за колење на трговците со овци та зедов два стапа: едниот го нареков благост, другиот врска. Така го пасев стадото.

8И во еден месец истребив три пастири. Но и овците ми здодеаја, Ме замразија.

9Тогаш реков: „Не ќе ве пасам веќе! Која треба да пцовиса, нека пцовиса! Која треба да ја снема, нека ја снема! А кои ќе останат, една на друга нека си го изедат месото!“

10Тогаш го зедов мојот жезол благост и го скршив за да го раскинам Заветот што го имав склучено со сите народи.

11И тој беше раскинат во оној ден, и трговците со овци кои гледаа, научија дека тоа беше Господово слово.

12Тогаш им реков: „Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не давајте.“ Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници.

13А Господ ми рече: „Фрли ја во ризницата таа убава цена со која ме оценија!“ Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом.

14Тогаш го скршив и својот втор жезол, врските - за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израел.

в. Опис на лажен пастир

15И Господ ми рече: „Земи ја уште опремата на безумниот пастир,

16зашто, еве, ќе подигнам еден безумен пастир во оваа земја: тој нема да се грижи за изгубените, не ќе ги бара заскитаните, не ќе ги лечи ранетите, не ќе ги носи изнемоштените, туку ќе јаде месо од дебелите и ќе им ги кине копитата.

17Тешко му на неспособниот пастир, кој го остава стадото! Мечот нека му ги стигне раката и десното око! Десницата нека му се исуши сосем, десното око нека се затемни сосем!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help