1А на Своите ученици им зборуваше: „Беше еден богат човек, кој имаше настојник, кого го наклеветија пред него дека му го растура имотот.
2И тој го повика и му рече: ‘Што слушам за тебе? Дај сметка за твоето управување! Не можеш веќе да бидеш настојник!’
3А настојникот си рече во себеси: ‘Што да правам, зашто господарот ми го одзеде настој-ништвото? Да копам? Не можам! Да просам? Се срамам!
4Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од управувањето.’
5И ги повика должниците на својот господар - секого поодделно - и му рече на првиот: ‘Колку му должиш на мојот господар?’
6А тој рече: ‘Сто мери масло.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата, седни веднаш и напиши - педесет!’
7Потоа му рече на другиот: ‘А ти, колку должиш?’ Тој рече: ‘Сто мери пченица.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата и напиши - осумдесет!’
8И господарот го пофали неправедниот настојник, зашто постапи мудро; зашто синовите на овој свет, според својот род, се помудри од синовите на светлината.
9И Јас ви велам: спечалете си пријатели со неправедно богатство, за да ве примат во вечни живеалишта, кога ќе приврши.
10Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.
11И така, ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското?
12И ако не бевте верни во туѓото, кој ќе ви го даде она што е ваше?
13Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!“
14А сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци и Му се потсмеваа.
15И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.“
16“Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.
17Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.
18Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; и кој се жени со оставена - прељубодејствува.“
Богат човек и беден Лазар19“А беше еден богат човек, кој се облекуваше во црвено сукно и во ленено платно и се веселеше сјајно секој ден.
20А еден сиромав, по име Лазар, целиот со чирови, лежеше пред неговата врата
21и сакаше да се насити со она, што паѓаше од столот на богатиот. И кучињата доаѓаа и му ги лижеа раните.
22И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;
23умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило,
24и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’
25Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш.
26Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’
27А тој рече: ‘Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на татка ми;
28зашто имам петмина браќа, нека им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маки!’
29А Авраам рече: ‘Ги имаат Мојсеја и Пророците, нека ги слушаат нив!’
30Тој пак рече: ‘Не, татко, Аврааме! Но ако некој од мртвите отиде при нив, ќе се покајат.’
31Му рече: ‘Ако не ги слушаат Мојсеја и Пророците, нема да ги придобие ни оној, кој воскреснал од мртвите.’“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.