РИМЈАНИТЕ 9 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Божја промисла за Израел.

1Зборувам вистина во Христа - не лажам - мојата совест ми сведочи за тоа во Светиот Дух,

2дека ми е многу жал и дека срцето ме боли непрестано.

3Имено, би сакал да бидам самиот - како проколнат - одвоен од Христа, за моите браќа, за моите роднини по тело,

4кои се Израелци; на кои им припаѓаат: посинувањето и славата, заветите и законодавството, богослужението и ветувањата;

5чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! Амин!

6Но не треба да се мисли дека пропадна Божјото слово; зашто не сите, кои водат потекло од Израел, се вистински Израелци,

7ниту сите се Авраамови деца, затоа што се негово потомство; но „во Исака ќе се нарече Твоето семе,“

8тоа значи: дека сите деца по тело не се Божји деца, туку децата на ветувањето се сметаат за потомство.

9А словото на ветувањето е ова: „Ќе дојдам во ова време, и Сара ќе има син.“

10Но не само таа, туку и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак.

11Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува;

12нејзе ѝ беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,“

13како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.“

14И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!

15Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.“

16Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.

17Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.“

18Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.

19Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?“

20Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?“

21Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?

22А што ако Бог - сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила - со големо долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел,

23за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава;

24како такви, нѐ повика и нас, не само од Јудејците, туку и од народите,

25како што вели и кај Осија: „Народ, кој не е Мој народ, ќе го наречам Мој; и онаа, која не е возљубена, ќе ја наречам возљубена,“

26и така ќе се случи дека на местото, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ,“ таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.“

27А Исаија вика за Израел: „Иако бројот на Израелевите синови е колку морскиот песок, ќе се спаси само Остатокот,

28зашто Господ ќе го спроведе Својот збор на земјата и ќе го заврши брзо.“

29И како што прорече Исаија: „Ако Господ над Воинствата не ни остави потомство, ќе бевме како Содом и ќе станевме слични на Гомор.“

30И така, што ќе кажеме? Народите - кои не се стремеа кон праведноста, ја примија праведноста, и тоа праведноста која е преку верата;

31а Израел - стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот.

32Зошто? Зашто не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот; се сопна од каменот на сопнување,

33како што е напишано: „Еве, на Сион поставувам камен за сопнување и стена на соблазан; и кој верува во Него, нема да се посрами.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help