МАРКО 2 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Исцелување на фатен

1И кога по неколку дена пак дојде во Капернаум; се чу дека е во куќа.

2И се собраа мнозина, така што немаше веќе место пред вратата; и им го проповедаше Сло-вото.

3И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица.

4И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот.

5А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.“

6А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца:

7“Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?“

8И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?

9Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’

10Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот:

11“Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!“

12И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!“

Исус го повикува Левија

13И излезе пак покрај морето; и целото множество доаѓаше при Него, и го поучуваше.

14И минувајќи, го виде Левија Алфеев, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него.

15И кога прилегна покрај трпезата во неговата куќа, многу цариници и грешници беа покрај трпезата, со Исуса и со Неговите ученици, зашто ги има-ше мнозина, и врвеа по Него.

16А кога книжниците и фарисеите Го видоа како јаде со грешниците и цариниците, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?“

17А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.“

Прашање за пост

18Јовановите ученици и фарисеите постеа. И дојдоа и Му рекоа: „Зошто Јовановите ученици и учениците на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?“

19Исус им рече: „Можат ли сватовите да постат додека е младоженецот со нив? Додека го имаат со себе младоженецот, не можат да постат.

20Но, ќе дојдат дни кога ќе им го грабнат младоженецот од нив; и тогаш - во тој ден - ќе постат.

21Никој не пришива крпа од ново сукно врз стара облека. Инаку, закрпата го кине од неа новото од старото, и скинатото ќе биде полошо.

22И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите, па ќе пропаднат и виното и мевовите. Туку, ново вино - во нови мевови!“

Исус е Господар на саботата

23А кога во сабота одеше низ посевите, Неговите ученици почнаа да прават пат, кинејќи класје.

24И фарисеите Му рекоа: „Гледај! Зошто го прават во сабота тоа што не е дозволено?“

25Им рече: „Зар никогаш не сте читале, што направи Давид кога беше во неволја и кога огладне тој и оние, кои беа со него?

26Како влезе во Божјиот дом, во времето на прво-свештеникот Авијатар, и ги изеде поставените лебови, кои никој не смее да ги јаде, освен свеште-ниците; и им даде на оние, кои беа со него!“

27И им рече: „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата.

28Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help