1Суди ме, Господи, зашто одев во својата невиност; и се надевам на Господа и нема да се поколебам.
2Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.
3Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.
2. Давидово самооправдување4Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.
5Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.
6Ги мијам своите раце во невиноста и го обиколувам Твојот жртвеник, Господи,
7да ја разгласам јавно Твојата фалба и да раскажам за сите Твои прекрасни дела.
3. Негова заклучна молба за помош8О, Господи, го љубам домот во кој престојуваш и местото каде е населена Твојата слава.
9Не ми ја погубувај душата со грешниците, ниту мојот живот со крвопијците;
10злочинот е во нивните раце, а десницата им е полна со поткупи.
11А јас одам во својата невиност, избави ме и смилувај ми се!
12Мојата нога стои на прав пат: ќе го благословувам Господа во собранијата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
