1„Многупати ме измачуваа од младоста“ - нека рече сега Израел.
2„Многупати ме измачуваа од младоста, но не ме совладаа.
3Врз моите плеќи: орачи ораа и тргаа долги бразди,
4но праведниот Господ им ги пресече јажињата на нечестивите!“
5Нека се засрамат и нека се повлечат сите кои го мразат Сион!
6Нека бидат како трева врз покрив, што овенува пред да ја откорнат.
7Жетварот не ја наполнува раката со неа, ни нарачјето оној што ги врзува сноповите.
8А минувачите нема да речат: „Господовиот благослов над вас! Ве благословуваме во името на Господа!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
