1Кој ја љуби поуката, го љуби знаењето, а кој го мрази укорувањето неук е.
2Добриот добива милост од Господа, а подмолниот осуда.
3Човекот не се зацврстува со беззаконие, а коренот на праведникот не се помрднува.
4Добродетелната жена е венец на својот маж, а срамотната е како гнилеж во неговите коски.
5Мислите на праведните се справедливи, а сплетките на нечесните се измамливи.
6Зборовите на нечесните се заседа за крвопроливање, а праведните ги избавува нивната уста.
7Нечесните се сосипуваат и веќе ги нема, а домот на праведникот останува.
8Човекот бидува пофалуван според остроумноста на својот разум, а опакиот во срцето ќе биде презрен.
Е. Грижа за живот на добиток и за земја9Подобро е да бидеш мал и да имаш само еден слуга, отколку да се издигаш, а да немаш ни леб.
10Праведникот внимава и на животот на својот добиток, додека на нечесниот срцето му е свирепо.
11Кој ја обработува својата земја, наситен е со леб, а кој трча по суетата, неразумен е.
12Копнежот на нечесниот е мрежа од зло, а коренот на праведникот дава плод.
13На нечесниот стапица му е гревот на неговата уста, а праведникот се избавува од беда.
14Од плодот на својата уста секој ќе се насити изобилно, а она што го направил со рацете, ќе му се врати.
Ж. Благоразумен и глуп15На лудиот му се чини прав неговиот пат, а мудриот човек слуша совети.
16Безумникот веднаш го покажува својот бес, а умниот го покрива срамот.
17Кој говори вистина, открива што е право, а лажниот сведок - измамата.
18Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување.
19Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг.
20Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети.
21Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло.
22Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина.
23Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.
24Трудољубивата рака ќе владее, а безгрижните ќе одат кон подложност.
25Грижата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го весели.
26Праведникот го води својот пријател, а нечесните ги заблудува нивниот пат.
27Мрзливиот нема да го улови својот лов, а трудољубието е скапоцено благо за човекот.
28Животот стои врз патеката на правдата, и на нејзиниот пат нема смрт.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.