1Давид со воените заповедници ги избра за служба Асафовите, Емановите и Једутуновите синови, кои ќе пејат восхитувачки пофалби со гуслиња, псалтири и кимвали; меѓу нив беа изброени луѓето за работа во својата служба:
2од Асафовите синови: Захур, Јосиф, Нетаниј и Асарил; Асафови синови под раководство на Асаф, кој пееше восхитувачки пофалба по царска наредба.
3Од Једутун: шесте Једутунови синови: Гедалиј, Сориј, Есаиј, Симеј, Асавиј и Мататиј под управа на својот татко Једутун, кој пееше восхитувачка пофалба со гусле славејќи Го и фалејќи Го Господа.
4Од Еман: Емановите синови: Вукиј, Матаниј, Озил, Севуил, Еримот, Ананиј, Елијат, Гидалтиј, Ромамти-Езер, Јосвекас, Малотиј, Отир, Мазиот.
5Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
6Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба. Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.
8Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.
9Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет;
10третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
11четвртата на Исриј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
12петтата на Нетаниј со неговите синови и со браќата, нив дванаесет;
13шестата на Вукиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
14седмата на Есарил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
15осмата на Есаиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
16деветтата на Матаниј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
17десеттата на Симеј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
18единаесеттата на Азереил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
19дванаесеттата на Асавиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
20тринаесеттата на Суваил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
21четиринаесеттата на Мататиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
22петнаесеттата на Еремот со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
23шеснаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
24седумнаесеттата на Јосвекас со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
25осумнаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
26деветнаесеттата на Малотиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
27дваесеттата на Елијат со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
28дваесет и првата на Отир со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
29дваесет и втората на Гидалтиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
30дваесет и третата на Мазиот со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
31дваесет и четвртата на Ромамти-Езер со неговите синови и браќа, нив дванаесет.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.