1Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија за Филистејците пред фараонот да ја освои Газа.
2Господ рече вака: „Еве, се дигаат води од Север и како збуени брзаци ја преплавуваат земјата и сѐ што е на неа, градовите и сите нивни жители. И луѓето викаат, и лелекаат сите жители на земјата,
3покрај татнежот на копитата на неговите ждребиња, покрај тропањето на колите и тресокот на колцата. Татковците веќе не се грижат за своите деца, зашто рацете им се онемоштени,
4заради денот што осуна за да ги истреби Филистејците, да ги сотре Тир и Сидон сѐ до последниот помагач. Зашто Господ ги истребува Филистејците, и сиот Остаток на Кафторските Острови.
5На Газа ќе ѝ биде избричена главата, Аскалон разурнат. А ти, Аштоду, Остаток на Анаковците, до кога тагата ќе те кине?
6Леле, Господов мечу, кога ли ќе се смириш? Врати се во ножницата, застани и одмори се!
7Но како да се смири, кога Господовата рака заповеда со него: против Аскалон и на морската песочина Тој го определи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
