ПСАЛМИ 128 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Благослов на побожно семејство1. Блаженство на благочестивПесна на воздигање

1Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!

2Ти ќе го уживаш плодот на твоите раце, блажен ќе си, и ќе ти биде добро.

2. Блаженство на семејство

3Твојата жена ќе биде како плодна лоза во внатрешноста на твојот дом. Твоите синови како млади маслинови гранчиња, околу твојот стол.

4Ете, така ќе биде благословен човекот, кој се бои од Господа.

3. Блаженство над народ

5Господ да те благослови од Сион, да уживаш во среќата на Ерусалим, низ сите денови на Твојот живот!

6Да ги видиш синовите на Твоите синови. Мир на Израел!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help