1Господ е величествен, предостоен за фала, во градот на нашиот Бог, Неговата Света Гора.
2Величествениот рид, е радост на целата земја. Планината Сион на крајниот север, е град на великиот Цар.
3Бог во нејзините дворци, се покажа како цврста тврдина.
2. Утврдување на Сион4Зашто, ете, царевите се сложија, нападнаа заеднички.
5Штом видоа, се зачудија, и збунети почнаа да бегаат.
6Таму ги опфати трепет, како болки на родилка,
7како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови.
8Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.
3. Сион го фали Бога9Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.
10Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.
11Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!
12Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници!
13Погледајте ги добро неговите утврдувања; разгледајте ги неговите дворци: за да им раскажувате на идните поколенија;
14Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе не раководи дури до смрт!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
