1Тогаш ми дојде Господово слово, велејќи:
2“Човечки сине, сврти го лицето кон Израелевите Гори и пророкувај против нив.
3Речи: ‘Израелеви гори, чујте го словото на Господ Бог!’ Господ Бог зборува вака: „Гори и брежиња, ровови и долини, еве, ќе го спуштам мечот врз вас и ќе ги оборам вашите високи места!
4Ќе запустат вашите жртвеници и ќе бидат урнати вашите идолски столбови, а вашите загинати ќе ви ги фрлам пред киповите.
5Ќе ги расфрлам труповите на Израелевите синови пред нивните кипови, и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници!
6Каде и да живеете, вашите градови ќе бидат запустени, високите места ограбени, жртвениците ќе ви запустеат и ќе бидат уништени, вашите кипови ќе бидат оборени и ќе ги снема, вашите столбови ќе бидат здробени, сите ваши дела ќе пропаднат.
7Загинатите ќе паѓаат меѓу вас, и ќе знаете дека Јас Сум Господ.
2. Остатокот ќе биде запазен8Ама сепак ќе поштедам некои од вас: тие ќе му избегаат на мечот меѓу народите, кога ќе се распрснете по земјата.
9Тогаш преживеаните меѓу вас ќе си спомнат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам прељубничкото срце зашто се одметна од Мене, и кога ќе им ги ископам блудничките очи зашто отидоа по нивните кипови. И тогаш сами себе ќе се замразат заради беззаконијата што ги направија со своите гадности.
10И ќе сознаат дека Јас Сум Господ: не им зборував напразно дека ќе ги удрам со сето тоа зло.“
3. Израел ќе се вразуми преку Божјите судови11Господ Бог зборува вака: „Плесни со рацете и тропни со нозете та речи: ‘Леле! заради сите гнасни злодела Израелевиот дом ќе падне од меч, од глад и од помор!
12Кој ќе биде далеку, ќе умре од помор; кој ќе биде близу, ќе падне од меч, и кој ќе биде опколен ќе издивне од глад! Така ќе го излеам гневот врз нив,
13и ќе сознаат дека Јас Сум Господ, кога нивните загинати ќе лежат меѓу киповите околу жртвениците на секое повисоко бреже, над сите планински врвови, под секое зелено дрво, под секој разгранчест даб, секаде каде што им се кади со пријатен мирис на нивните кипови.
14Рацете ќе ги подигнам против нив, и сета земја ќе им ја претворам во пустина, од пустината до Дивлат, насекаде каде што живеат! И ќе сознаат дека Јас Сум Господ.’“‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.