1А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења,
2преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест,
3кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.
4Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност,
5зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.
Добар Христов служител6Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.
7А избегнувај од нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност!
8Зашто телесната обука е малку полезна, а побожноста е полезна за сѐ, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот.
9Тоа е вистинско слово и достојно за полно примање.
10Имено, затоа ние се трудиме и се бориме, зашто се надеваме во живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, особено на верните.
11Наложувај го и учи го ова!
12Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата!
13Додека дојдам внимавај на читањето, на опоменувањето и на поучувањето!
14Не занемарувај ја дарбата која е во тебе, која ти е дадена преку пророштво, со ракополагањето на старешините.
15Исполнувај го тоа, биди во тоа, и твојот напредок да им биде видлив на сите!
16Внимавај на себеси и на учењето! Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
