1Тогаш сиот јудејски народ го зеде Озиј, кому му беа шеснаесет години, и го зацарија на местото на неговиот татко Амасиј.
2Тој пак го изгради Елот, враќајќи ѝ го на Јудеја, откако царот почина при своите татковци.
3На Озиј му беа шеснаесет години кога се зацари, а царуваше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија, а беше од Ерусалим.
4Правеше што е право во Господвите очи, сосем како и неговиот татко Амасиј.
5Го бараше Бога за време на животот на Захариј, кој го учеше на Божји страв; додека го бараше Господа, Бог му даваше среќа.
2. Успех6Тој излезе и завојува против Филистејците, ги разурна ѕидовите на Гат, ѕидовите на Јавна и ѕидовите на Азот; соѕида градови по Азот и по Филистеја.
7Бог му помагаше против Филистејците и против Арабјаните, кои живееја во Гур-Вал, и против Маонците.
8Амонците му даваа данок на Озиј, а неговиот глас се разнесе до Египет, зашто се беше засилил многу.
9Озиј изгради стражарници во Ерусалим кај Аглената Врата и кај Долинската Врата, и на аголот, та ги укрепи.
10Изгради стражарници во пустината и ископа многу кладенци, зашто имаше многу добиток и во Шефел и по Рамницата, орачи и лозари во горите и на Кармил, зашто го сакаше земјоделството.
11Озиј имаше војска вешта за бој, која одеше во војна во чети според бројот како што го изброи тајникот Јемал и настојникот Масиј под управата на Ананиј, еден од царевите кнезови.
12Вкупно имаше на број, семејни главатари, храбри јунаци; две илјади и шест стотини.
13Под нивна управа беше силна војска од триста седумдесет илјади и пет стотини за бој вешти војници за да му помагаат на царот против непријателите.
14Озиј ѝ направи на својата војска штитови, копја, кациги, оклопи, лакови и камења за праќките.
15Направи во Ерусалим вешто измислени бојни справи, пронајдок на градител, за да стојат на стражарниците и на аглите на тврдините, да фрлаат стрели и големи камења; името му се чу надалеку, зашто уживаше чудесна помош сѐ додека не се засили.
3. Грев и казна16Но кога се засили, срцето му се возгордеа многу што се расипа, та му изневери на Господа, својот Бог, зашто влезе во Господовиот Храм, и почна да принесува темјан на кадилниот жртвеник.
17Ама по него влезе свештеникот Азариј и со него осумдесет Господви свештеници, чесни луѓе.
18Тие му се спротивија на царот велејќи: „Не е твое Озиј, да му кадиш на Господа, туку тоа е должност на свештениците, на Ароновите синови, кои се посветени за да кадат. Излегувај од Светилиштето! Постапи незаконски и не ти служи на чест пред Господа Бога!“
19Тогаш Озиј се расрди држејќи ја во раката кадилницата за да кади; кога се расрди на свештениците, му избувна лепра на челото пред свештениците во Господовиот Дом покрај кадилниот жртвеник.
20Кога свештеничкиот главатар Азариј и сите свештеници го погледнаа одблизу, а тоа ете, му излегла лепра на челото; бргу го избркаа оттаму, а и тој самиот посака да излезе, зашто Господ го удри.
21Царот Озиј остана лепрозен до смртта, и живееше во посебна куќа, зашто беше отстранет од Господовиот Дом; неговиот син Јотам беше управител на царскиот дворец и му судеше на народот на земјата.
Ѕ. Смрт на Озиј. Јотамово зацарување22Другите Озиеви дела, од првите до последните, ги опиша Амосовиот син пророкот Исаија.
23Озиј почина, и го погребаа покрај неговите татковци во полето крај царската гробница, велејќи: „Лепрозен е.“ На неговото место се зацари син му Јотам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.