1Себичниот ја сака само својата желба; и се противи на секое здраво расудување.
2Глупецот нема наслада во знаењето, нему му е само да си го искажува срцето.
3Кога доаѓа нечесниот, доаѓа и презирот, а со нечесноста доаѓа прекорот.
4Зборовите од човечката уста се длабоки води, извор на мудрост - порој што се разлива.
5Не е добро: да се обѕира на нечесна личност, да му се нанесе неправда на праведникот во судот.
6Безумниковите усни се впуштаат во препирки, и неговата усна предизвикува удари.
7Сопствената уста е пропаст за безумниот, и усните му се примка за неговата душа.
8Клеветниковите зборови се како слатки: се спуштаат до дното на утробата.
9Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот.
10Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште.
11Имотот на богатиот е утврден град, и како висок ѕид во неговото мечтаење.
12Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста.
13Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам.
14Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне?
15Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење.
16Подарокот му отвора пат на човекот и го води пред големците.
17Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува.
18Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните.
19Навредениот брат е појак од цврст град, и расправите се како лостови на тврдина.
20Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни.
21Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод.
22Кој нашол добра жена, ја нашол среќата и добил милост од Господа.
23Бедниот зборува молејќи понизно, а богатиот одговара грубо.
24Има пријатели кои водат во пропаст, а има и пријател поприврзан од брат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.