МАРКО 16 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Исусово воскресение

1А кога мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Салома, купија мириси, за да дојдат и да Го помажат.

2И многу рано, во првиот ден на седмицата, дојдоа на гробот кога изгреваше сонцето.

3И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одмести каменот од вратата на гробот?“

4И кога погледаа, видоа дека каменот е одместен. Имено, беше многу голем.

5А кога влегоа во гробот, видоа младич во долга бела облека, како седи оддесно и се зачудија.

6Но тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Наза-реецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија.

7Туку одете и кажете им на Неговите ученици, и на Петра; дека ‘Тој отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви рече.’“

8А тие излегоа и побегнаа од гробот, зашто ги опфати трепет и страв. И никому ништо не рекоа, зашто се боеја.

Исусово јавување

(

9А кога воскресна рано, во првиот ден на седмицата, ѝ се јави прво на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.

10Таа отиде и им јави на оние, кои беа со Него - кои тагуваа и плачеа.

11А тие, кога чуја дека е жив и дека таа Го видела - не поверуваа.

12Потоа им се јави во друг лик, на двајца од нив, по патот, кога одеа во селото.

13И тие отидоа и им јавија на другите; но и ним не им поверуваа.

Апостолска мисија. Вознесение

14Најпосле им се јави и на Единаесетмината, додека беа покрај трпезата, и ги укори заради нивното неверие и закоравеноста на срцето, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.

15И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!

16Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

17А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици;

18ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости.

Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат.

19А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.

20А тие излегоа и проповедаа насекаде; а Господ помагаше и го утврдуваше словото со знаци, кои го придружуваа. Амин!)

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help