1Боже, Ти нѐ отфрли и ни ги проби бојните редови, Ти се разгневи, а сега врати нѐ пак!
2Ја потресе земјата, ја распука, затвори ѝ ги проломите, зашто таа се разнишала.
3Му навали зла коб на Твојот народ, нѐ напи со вино што омајува.
4Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак.
5За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме.
2. Повикување на Божјо ветување6Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот.
7Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал.
8Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!“
3. Повик за помош9Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?
10Зар не Ти, Боже, што нѐ отфрли? Зар повеќе Боже, не ќе излегуваш со нашите чети?
11Помогни ни против противниците, зашто човечката помош е ништожна.
12Со Божја помош ќе се бориме храбро, а Тој ќе ги згази нашите непријатели.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
