ПЕСНА НАД ПЕСНИ 1 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Книга на Соломон

1Соломоновата Песна над песните

2Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.

3Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.

4Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!

ПРВА ПЕСНА 1:5-2:7А. Искушенија и желби на невеста1. Прв разговор; невестата:

5Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.

6Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.

7Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!

2. Девојките (пејачки):

8Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.

Б. Меѓусебно разгледување1. Младоженецот:

9Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.

10Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;

11ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.

2. Невестата:

12Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.

13Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.

14Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.

3. Младоженецот:

15О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.

4. Невестата:

16О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела.

5. Младоженецот:

17Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help