1Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови.
2Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол.
3Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини:
4„Кој е глупав, нека наврати ваму!“ А на неразумните им говори:
5„Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав;
6оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.
2. Совети на Премудрост7Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си.
8Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака.
9Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.
10Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.
11Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.
12Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.“
3. Безумна жена13Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо.
14Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини,
15па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки:
16„Кој е неискусен, нека наврати ваму!“ и на неразумниот му говори:
17„Крадената вода е слатка, и пријатно е да се јаде леб скришно.“
18А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
