1О, да си ми брат, да ги цицаше градите на мојата мајка! Тогаш, сретнувајќи те на улица, ќе те пољубев и никој немаше да ме осуди за тоа.
2Би те повела и би те вовела во домот на мајка ми; ти би ме учел, а јас би те поела со најдобро вино и со сок од калинки.
Б. Меѓусебно љубовно владеење1. Невестата:3Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
2. Младоженецот:4Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, не будете ја и не тревожете ја мојата возљубена, додека самата не посака!
3. Девојките:5Која е таа што доаѓа од пустината, потпрена врз својот возљубен?
4. Младоженецот:Те разбудив под јаболкницата, каде те роди мајка ти, каде твојата родителка те донесе на свет.5. Невестата:6Стави ме како знак на срце, како печат на твојата рака; зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб. Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења.
7Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.
КРАЈ 8:8-14А. Мала сестра8Имаме мала сестра, која уште нема гради; што ќе правиме со нашата сестра, кога ќе стане збор за неа?
9Ако биде како ѕид, ќе изградиме врз него сребрен дворец; ако биде како врата, ќе ја обложиме со кедрови даски.
10Јас сум ѕид и моите гради се стражарници, затоа јас ќе бидам во неговите очи, како онаа што достигнала до полнота.
Б. Соломонов лозар11Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници.
12Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите.
В. Градини13О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам.
14Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.