1Оние три човека прекратија да му одговараат на Јова, зашто тој се сметаше невин.
2Тогаш се налути Елиу, Варахиловиот син, од Вуза, од Арамовото племе: пламна со гнев против Јов, бидејќи се сметаше за праведен пред Бога.
3А пламна со гнев и против трите негови пријатели, зошто не најдоа веќе ништо што да му одговорат, па така го осудија Јова.
4Додека тие разговараа со Јова, Елиу молчеше, зашто тие беа постари од него.
5Ама кога виде дека оние три мажи немаа веќе одговор во устата, пламна со гнев.
6И проговорувајќи, Елиу, Варахиловиот син од Вуза рече: „Јас сум уште млад според своите години, а вие навлеговте во длабока старост; затоа јас се воздржав страшливо да го покажам своето знаење пред вас.
7Мислев во себе: „Староста ќе зборува, многуте години ќе ја покажат мудроста.“
8Навистина, има дух во човекот, здивот на Сѐдржителот го прави разумен.
9Понапреднатата возраст не дава мудрост, ниту старците ја знаат праведноста.
10Затоа ве молам, послушајте ме мене, да ви го изложам и јас своето знаење.
11Ги следев со внимание вашите беседи и ги сослушав вашите причини, додека баравте што да кажете.
12Целото мое внимание беше врз вас, но немаше никој да го побие Јова, ниту пак некој од вас да му се противстави на неговото слово.
13Не велете: „Ја најдовме мудроста, Бог ќе го побие, зашто човекот не може.“
14Тој не ја насочи беседата кон мене: нема да му одговорам со вашите зборови.
15Поразените не можат да се противстават, прекратија да зборуваат!
16Чекав! Но, ете, тие не зборуваат, молкнаа, ни збор повеќе да кажат,
17сега е на мене да проговорам, и јас ќе го изложам своето знаење.
18Многу зборови бликаат во мене, додека мојот дух ме тера одвнатре.
19Ете, мојата внатрешност е како затворено вино, ќе распукне како нов мев.
20Да ми олесни, затоа ќе зборувам, ќе ги отворам усните и ќе ви одговорам вам.
21Не ќе се приклонам ниту кон едната страна, ниту имам намера да му ласкам некому,
22јас не умеам да ласкам никако, зашто мојот Творец би ме погубил веднаш.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.