ИСАИЈА 56 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

В. Спасение за сите народи1. Народи учесници во благослов на Израел

1Господ зборува вака: „Пазете го правосудството и вршете ја правдата, зашто наскоро ќе дојде Моето спасение и ќе се објави Мојата правда.

2Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело.“

3Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.“ Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.“

4Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет

5ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено.

6А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет,

7нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.“

8Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.“

2. Казна за неспособни водачиа. Нечесни пророци на Израел

9Сите полски ѕверови, дојдете да јадете, и вие сите, горски ѕверови!

10Сите стражари му се слепи, и ништо не сфаќаат. Сите се тие неми пси, не можат да лаат. Сонуваат и дремат, најмило им е да спијат.

11Тоа се лакоми, ненаситни, кучиња; тоа се пастири без разум: секој се свртува по својот пат, секој по својата печалба.

12„Дојдете“, велат, „ќе донесам вино; ќе се напиеме жесток пијалак, и утре ќе биде како денес, големо изобилство, преголемо!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help