ЗАХАРИЈА 5 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

7. Видение: летечки книжен свиток

1Ги подигнав очите и видов: книжен свиток лета.

2Ангелот ме праша: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам книжен свиток како лета: должината му е дваесет лакти, а ширината десет.“

3Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него.

4„Јас ќе го изведам - говори Господ над Војските - за да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во Моето име, та да престојува во неговата куќа и да ја уништи заедно со нејзините дрва и камења.“

8. Видение: ефа

5Ангелот кој зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите и погледај што се појавува тоа?“

6Јас го прашав: „Што е тоа?“ Тој рече: „Тоа што се појавува е ефа,“ и продолжи: „Тоа е општата расипаност на земјата.“

7И ете, се крена оловен поклопец и една жена седи сред ефата.

8Тој рече: „Тоа е злото.“ И ја турна во ефата и ѝ фрли оловен поклопец врз отворот.

9Ги подигнав очите, видов: две жени излегуваат со ветрот со крила, а крилата им беа како штркови крила; тие ја кренаа ефата меѓу земјата и небото.

10Тогаш го прашав ангелот кој разговараше со мене: „Каде ја однесуваат ефата?“

11Тој ми одговори: „За да ѝ изградат храм во Сенарската земја и за да ѝ подготват подножје врз кое ќе ја постават.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help