БИТИЕ 14 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Аврам го ослободува Лота

1Кога Амарфал беше цар на Сенар, Ариох цар на Елесар, Ходолгомор цар на Елам и Таргал цар на Гоим,

2тие почнаа војна против Вер, цар на Содом; Варса цар на Гомор; Сенара цар на Адма; Симовор цар на Севоим и против царот на Вала, што е сега Сигор.

3Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море.

4Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание.

5Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,

6и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.

7Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.

8Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина:

9против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет.

10Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.

11Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.

12Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа.

13А еден што се спаси, брат Есхолов и Авнанов, Аврамови сојузници, му ја соопштија веста на Евреинот Аврам, кој живееше при дабот на Аморејска Мамра.

14Кога Аврам чу дека е заробен неговиот внук, ги собра своите момчиња - родени во неговиот дом - триста и осумнаесет обучени мажи, ги вооружи и тргна во потера до Дан.

15Ги подели своите момчиња во две групи, ги нападнаа ноќе и ги порази. Ги гонеше до Хова, северно од Дамаск.

16Го врати целиот имот; го врати и својот внук Лот, со сето негово богатство, а и жените и мажите.

Малхиседек и Аврам

17Откако се врати, по поразот на Ходолгомор и на царевите, кои беа со него, царот на Содом му излезе во пресрет во Савинската долина, што е Царски Дол.

18А Малхиседек, царот на Салим, изнесе леб и вино. Тој Му беше свештеник на Сѐвишниот Бог.

19Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сѐвишниот Бог, Творец на небото и земјата!

20Благословеи да биде и Сѐвишниот Бог, Кој ти ги предаде непријателите во твои раце!“

Аврам се откажува од плен

21Тогаш содомскиот цар му рече на Аврама: „Дај ми ги луѓето, а имотот задржи го за себе!“

22Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја кревам раката пред Сѐвишниот Господ, Создателот на небото и земјата,

23и се колнам дека нема да земам ни конче ни ремче за обувка, ни што и да е твое, за да не речеш: ‘Аврам се збогати од мене’,

24освен она што го изедоа моите момчиња и делот на мажите, кои дојдоа со мене: Авнан, Есхол и Мамриј, тие нека си го земат делот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help