ПОСЛОВИЦИ 16 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

М. Господ и пат на човек

1Човекот смислува во срцето, а од Господа е што ќе одговори јазикот.

2На човекот сите негови патишта му изгледаат чисти, а Господ ги испитува духовите.

3Препушти му ги на Господа своите дела, и твоите намери ќе се сигурни.

4Господ создаде сѐ за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.

5Омразен Му е на Господа секој со гордо срце, таков навистина не останува без казна.

6Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.

7Кога на Господа Му се мили човековите патишта и неговите непријатели ги помирува со него.

8Подобро е малку со правда, отколку големи приходи со неправда.

9Човековото срце го смислува својот пат, но Господ ги управува неговите чекори.

10Вдахновена одлука е во усните на царот: неговата уста нема да згреши во пресудата.

11Чесните ваги и премерувањата Му припаѓаат на Господа; сите тегови во торбите се Негово дело.

Н. Мудрост - вруток на живот

12Омразено им е на царевите да се врши беззаконие, зашто престолот се уцврстува со правда.

13Пријатни им се на царевите праведни усни, и тие го љубат оној кој зборува вистина.

14Царевиот гнев е вестител на смртта, но мудриот човек го ублажува.

15Во ведрото лице на царот е живот, и неговата милост е како облак со пролетен дожд.

16Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.

17Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

24Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.

Њ. Лукав и расипан човек

25Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта.

26Гладот на трудбеникот работи за него, зашто го тера неговата уста.

27Никаквецот приготвува само зло и во усните му е пламенен оган.

28Лукавиот човек сее раздор, и клеветникот ги разделува најверните пријателите.

29Насилникот го заведува својот ближен и го наведува на лош пат.

30Кој намигнува со очите, смислува опакост, а кој ги стиска усните, веќе смислил пакост.

31Седите коси се венец на слава; се наоѓаат на патот на правдата.

32Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе, подобар е од освојувачот на град.

33Во пазувата се фрла жрепката, но од Господа е секоја одлука.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help