1Овој псалм е од раката на Давид, кога се бореше сам со Голијат,
а е надвор од бројот на псалмите.
Мал бев меѓу браќата свои
и најмлад во домот на таткото мој;
ги пасев овците на таткото мој.
2Рацете мои направија инструмент
и прстите мои составија харфа.
3И кој ќе Му јави на мојот Господ?
Самиот Господ, самиот Тој ќе чуе.
4Тој го испрати ангелот Свој
и ме зеде од овците на таткото мој
и ме помаза со масло на помазанието Свое.
5Браќата мои се убави и големи,
но нив не ги посака Господ.
6Излегов спроти туѓинецот
и тој ме проколна со идолите свои.
7А јас, земајќи му го мечот,
го обезглавив и го отстранив срамот од синовите Израилеви.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.