Псалми 64 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 64Прославување на Создателот

1За крајот. Псалм на Давид, песна;

од Еремија и Езекил, од раселениот народ, кога требаше да заминат.

2Тебе Ти прилега песна во Сион, Боже,

и Тебе ќе Ти се воздаде молитва во Ерусалим.

3 Ис 66,23 Услиши ја молитвата моја;

кон Тебе ќе дојде секое тело.

4 31,1; 77,38 Зборовите на беззакониците надвладеаја над нас

и безбожноста наша Ти ќе ја очистиш.

5Блажен е оној што си го избрал и примил,

тој ќе се насели во дворовите Твои.

Ќе се исполниме со добрата на домот Твој;

свет е храмот Твој, чудесен во правдата.

6 Ис 66,19 Услиши нѐ, Боже, Спасителу наш,

надеж на сите краишта земни

и на оние далеку во морето;

7 23,2; 118,90; Јов 38,6-7 Ти, Кој ги подготвуваш горите со моќта Своја,

Кој си препашан со сила,

8 88,9; 106,29; Ис 17,12; Јов 26,12; Мт 8,26 Кој ја потресуваш морската длабочина,

гласовите на брановите негови.

Ќе се збунат народите

9и од чудесата Твои ќе се уплашат

сите што ги населуваат краиштата;

излегувањата на утрото и вечерта ќе ги украсиш.

10 45,4; 3 Мојс 26,3-4; Ис 30,23.25; Ос 2,8; Јоил 2,22-23 Ја посети земјата и ја напои,

ги умножи нејзините богатства.

Реката Божја се исполни со води;

Ти подготви храна за нив,

зашто таква е подготовката.

11 Ис 30,23 Браздите нејзини напој ги,

умножи го родот нејзин;

во своите капки ќе се зарадува растејќи.

12 Амос 9,13 Ќе го благословиш венецот на годината со благоста Твоја

и полињата Твои ќе се исполнат со изобилство;

13 95,12; 65,1; Ис 44,23 ќе се збогатат со убавина пустините

и ридовите со веселие ќе се препашаат.

14Се облекоа овните во стадата како овци

и долините ќе го умножат житото;

ќе воскликнуваат и химни ќе пеат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help