Псалми 67 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 67Благодарност кон Бога за победата

1За крајот. Псалм на песната, на Давид.

2 4 Мојс 10,35; Ис 33,3 Да воскресне Бог и да се распрснат непријателите Негови

и да бегаат од лицето Негово сите што Го мразат.

3Како што исчезнува чадот, да исчезнат;

како што се топи восокот од лицето на огнот,

така да загинат грешниците од лицето Божјо.

4 31,11 А праведниците да се развеселат,

да се зарадуваат пред Бога,

да се насладат во веселие.

5 17,10; 2 Мојс 15,21; 5 Мојс 33,26; Ис 19,1 Пејте Му на Бога, воспевајте го името Негово;

направете Му пат на Оној што оди кон запад,

Господ Му е името, и зарадувајте се пред Него.

Ќе се потресат сите

од лицето Негово,

6 145,9; 2 Мојс 22,22-23; Посл 1,37 од Отецот на сираците

и од Судијата на вдовиците.

Бог е во светото место Свое.

7Бог ги населува осамените во дом,

ги изведува окованите во јунаштво,

како и оние што огорчуваат,

што живеат во гробовите.

8 5 Мојс 33,2; Суд 5,4-5; Авак 3,3-4 Боже, кога Ти излегуваше пред народот Твој,

кога Ти поминуваше низ пустината,

9земјата се потресе зашто и небесата дадоа дожд од лицето на Бога Синајскиот,

од лицето на Израилевиот Бог.

10 77,24-25; 2 Мојс 16 Доброволно ќе му определиш дожд, Боже, на наследството Твое;

и тоа ослабе, а Ти го утврди.

11Животните Твои живеат во него;

во добрината Своја, Боже, го подготви за сиромавиот.

12Господ ќе им даде збор

на оние што благовестат со голема сила.

13 47,4-5; Суд 5,19.22 Царот над војските на возљубениот,

во убавината на домот ќе го подели пленот.

14 Суд 5,16 Ако почивате среде наследството,

посребрени крилја од гулабица ќе ви се дадат

и плеќите од неа со жолто злато.

15Кога Наднебесниот ги распоредува царевите по неа,

тие ќе обелат како снегот во Селмон.

16Божјата гора е гора на изобилство,

гора засирена, гора богата.

17 77,68; Ез 43,7 Зошто завидувате, гори засирени –

планино на која Бог благоволи да живее?

Господ ќе живее на неа до крајот.

18 Ис.Н. 5,13-15; 4 Цар 6,17; 7,5 Колесницата Божја десетилјадна, со илјадници што преуспеваат,

Господ е меѓу нив на Синај, во светињата.

19 46,5; Ефес 4,8-10 Ти се искачи на висина, заплени плен,

прими дарови меѓу луѓето

и од непокорните за да се населат.

Господ Бог е благословен,

20 62,8; 5 Мојс 32,11; Ис 46,3-4 благословен е Господ од ден на ден;

Бог на нашите спасенија ќе ни помогне на патот.

21Нашиот Бог е Бог што спасува;

и на Господовиот Господ се вратите на смртта.

22Но Бог ќе ги скрши главите на непријателите Негови,

врвот на темето на оние што одат во престапите свои.

23Рече Господ: „Од Васан ќе ги вратам назад,

ќе ги вратам во длабочините морски;

24 3 Цар 21,19; 22,37; 4 Цар 9,36 та да се натопи ногата твоја со крв,

јазикот на кучињата твои од крвта на непријателите твои“.

25Видени беа пристигнувањата Твои, Боже,

пристигнувањата на мојот Бог и Цар во светињата.

26Претходеа кнезови со пејачи,

среде девојки со тимпани.

27 79,1-2; 5 Мојс 33,28; Ис 9,1; Ер 2,13; 16,13 Во собранието благословувајте Го Бога,

Господа од изворите Израилеви!

28Таму е Венијамин, најмладиот, во занес,

кнезовите Јудини, водачите нивни,

кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови.

29Заповедај, Боже, со силата Своја;

засили го, Боже, ова што го направи меѓу нас.

30Заради храмот Твој во Ерусалим,

Тебе царевите ќе ти донесат дарови.

31 Ез 29,2-3 Закани им се на ѕверовите од трската,

на стадото бикови меѓу јуниците народни,

да не ги затворат испитаните како сребро;

распрсни ги народите кои сакаат војни.

32 Ис 18,7; 44,13 Ќе дојдат пратеници од Египет,

Етиопија ќе ја подаде раката своја кон Бога.

33Царства земни пејте Му на Бога,

воспевајте Го Господа.

34 17,10; 67,4; 5 Мојс 33,26 Воспевајте Го Бога, Кој седна на небесното небо кон истокот;

ете, ќе му даде на гласот Свој, глас силен.

35 27,8; 28,11 Дајте Му слава на Бога;

на Израилот е велелепието Негово

и силата Негова во облаците.

36Чудесен е Бог во светиите Свои, Бог Израилев,

Тој ќе му даде сила и утврдување на народот Свој.

Благословен е Бог!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help