Псалми 91 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 91Похвала на Божјата праведност

1Псалм на песната, за саботниот ден.

2 32,1-3 Добро е да се слави Господ

и да му се пее на името Твое, Севишен,

3наутро да се објавува милоста Твоја

и вистината Твоја во текот на ноќта,

4на харфа со десет струни,

низ песна од лира.

5Зашто со Твоите творби ме развесели, Господи,

и во делата на рацете Твои ќе се зарадувам.

6 8; 138,6.17-18 Колку се возвеличија делата Твои, Господи,

многу се задлабочија замислите Твои.

7 72,22; Мудр 13,1 Човек безумен тоа нема да го осознае

и неразумниот тоа нема да го разбере.

8 36,35-36 Кога грешниците растат како трева,

и сите што вршат беззаконие изникнуваат,

тоа е за да бидат истребени во вечни векови.

9А Ти си, Господи, Севишен довека.

10 67,1-2 Зашто, ете, непријателите Твои ќе загинат

и ќе се распрснат сите што вршат беззаконие;

11 22,5; 74,10; 5 Мојс 33,17 и рогот на мојата моќ ќе се возвиси како кај еднорог

и староста моја во масло обилно.

12И окото мое погледна на непријателите мои

и увото мое ќе ги слушне лукавите што стануваат против мене.

13 1,3 Праведникот ќе расцвета како палма,

како кедарот во Ливан ќе се умножи.

14 51,8 Оние што во домот Господов се засадени,

во дворовите на нашиот Бог ќе процветаат.

15 5 Мојс 32,4 Дури и во длабоката старост тие ќе се умножуваат,

и ќе живеат во наслада, за да објават

16дека е праведен Господ, нашиот Бог,

и нема неправда во Него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help