Псалми 94 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 94Прославување на Создателот и Спасителот

1 5 Мојс 32,15 Пофална песна на Давид.

Дојдете да Му се израдуваме на Господа,

да Му воскликнеме на Бога, Спасителот наш;

2 99,4 да го пресретнеме лицето Негово со славословие

и со песни да Му воскликнеме.

3 5,2; 46,2; 76,13; 95,4-5; 96,9; 135,2-3; 144,1; Јов 36,22; Дан 2,47 Зашто Господ е Бог велик

и Цар велик над сите богови;

4зашто во раката Негова се краиштата на земјата,

и височините горски се Негови.

5 23,1-2 Зашто Негово е морето, и Тој го создаде,

и Неговите раце копното го обликуваа.

6Дојдете да Му се поклониме,

и да паднеме пред Него

и да плачеме пред Господа,

Кој нас нѐ создаде.

7 22,1-4; 78,13; Ер 23,1 Зашто Тој е нашиот Бог,

и ние сме народ од пасиштето Негово

и овци од рацете Негови.

Денес, ако гласот Негов го чуете,

8 80,8; 77,8.37; 2 Мојс 17,1-7; 18,4; 4 Мојс 14,22; 19,1-12; 5 Мојс 6,16; 32,8; Евр 3,7-11 не закоравувајте ги срцата ваши како во времето на огорчувањето –

во денот на искушувањето во пустината,

9каде што Ме искушаа татковците ваши,

Ме испитаа и ги видоа делата Мои.

10 5 Мојс 32,5.20; Јов 21,14 Четириесет години негодував на тоа поколение и реков:

„Секогаш се заблудуваат во срцето

и патиштата Мои не ги познаа“;

11 131,8.14; 4 Мојс 14,30.34; 5 Мојс 12,9 па така, се заколнав во гневот Свој:

„Нема да влезат во покојот Мој“.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help