Псалми 80 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 80Празнична песна

1 8,1 За крајот, за гмечалките. Псалм на Асаф.

2Радувајте се во Бога, помошникот наш,

воскликнете кон Бога Јаковов.

3Изберете псалм и дајте тимпан,

лира милозвучна со харфа.

4 3 Мојс 23,24; 4 Мојс 29,12; 4 Цар 4,23; Ис 1,13; Ос 2,12; Амос 8,5 Затрубете со труба при млада месечина,

во овој значаен ден на празникот наш;

5зашто тоа е повелба за Израил

и суд на Бога Јаковов.

6Сведоштво во Јосиф положи при неговото излегување од египетската земја;

јазикот што не го знаеше, го слушна;

7 2 Мојс 1,14; 6,5 ги ослободи плеќите негови од бремето,

рацете негови што со кошниците служеа.

8 94,8; 2 Мојс 17,1-7; 18,15-18; 4 Мојс 20,2-13 Во жалоста Ме повика и Јас те избавив;

те слушнав од тајното место во бурата,

те искушав на водата на кавгата.

9 2 Мојс 15,26; Ис 55,2-3 Слушни, народе Мој, и ќе ти посведочам,

Израиле, ако сакаш да Ме послушаш:

10 2 Мојс 20,2-3 нов бог да нема кај тебе,

на туѓ бог да не се поклонуваш.

11Зашто Јас сум Господ, твојот Бог,

Кој те изведе од египетската земја;

рашири ја устата своја

и ќе ја исполнам.

12 5 Мојс 9,7 Но народот Мој не го послуша гласот Мој

и Израил не Ми обрна внимание.

13 Ер 3,17; 7,23 И ги отпуштив според однесувањата на срцата нивни

и ќе чекорат во поведенијата свои.

14 Ис 48,18 Ако Ме послушаше народот Мој,

ако одеше Израил по патиштата Мои,

15 3 Мојс 26,7-8; 5 Мојс 32,13 до ништожност би ги понизил непријателите нивни

и врз угнетувачите нивни би ја ставил раката Своја.

16Непријателите Господови Го излажаа;

и нивното време ќе биде довека.

17И ги нахрани со најдоброто од пченицата,

и ги насити со мед од карпата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help