1 2 Мак 3,39; Мт 5,34; 6,8 Песна на искачувањата.
Ги подигнав очите мои кон Тебе,
Кој живееш на небесата.
2 24,15; 68,3; 118,82; 140,8; 144,15 Ете, како што се очите на слугите кон рацете на господарите нивни,
како што се очите на слугинката кон рацете на господарката нејзина,
така нашите очи се кон Господа, нашиот Бог,
додека не ни се смилува.
3 43,13-14; Неем 4,4 Помилуј нѐ, Господи, помилуј нѐ,
зашто се презаситивме од презир;
4 43,13-16; Зах 1,15; Јов 12,5; Изреки 16,18 се преполни душата наша од прекорот на надмените
и од презирот на горделивите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.