1 Ез 3,15; Плач 3,48-51 На Давид.
На реките Вавилонски,
таму седевме и плачевме
кога си спомнувавме за Сион.
2 Ис 24,8; Ер 25,10 На врбите среде него
ги обесивме инструментите наши.
3Зашто таму оние што нѐ поробија
побараа од нас зборови од песни
и оние што нѐ одведоа – химна:
„Пејте ни од песните Сионски“.
4Како да пееме песна Господова
на туѓа земја?
5 Ер 51,50 Ако те заборавам тебе, Ерусалиме,
да ме заборави десницата моја.
6 21,15; Ез 3,26; Јов 29,10 Да се залепи јазикот мој за грлото мое,
ако не се сетам на тебе,
ако не го истакнам Ерусалим
како почеток на моето веселие.
7 Ез 25,12-14; Авд 1,10-14; Плач 4,21 Во денот на Ерусалим,
спомни си, Господи, за синовите Едомски, кои велеа:
Срушете го, срушете го до основите негови!
8 27,4 Ќерко Вавилонска, несреќнице,
блажен е оној што ќе ти врати со иста мера
за она што ни го направи;
9 Ис 13,16; Ос 14,1; Наум 3,10; Лк 19,44 блажен е оној што ќе ги зграпчи децата твои
и ќе ги распарчи од камен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.