1 2 Лет 6,42 Песна на искачувањата.
Спомни си, Господи, за Давид
и за сета кроткост негова,
2 1 Мојс 49,24 како Му се заколна на Господа,
Му се завети на Бога Јаковов:
3 2 Цар 7,1-2; 1 Лет 28,2 „Нема да влезам во шаторот на домот свој,
нема да се искачам на одарот од постелата своја,
4 Изреки 6,4 нема да им дадам сон на очите мои,
ниту дремка на трепките мои,
ниту починка на образите мои,
5 Дела 7,46 додека не Му најдам место на Господа,
живеалиште на Бога Јаковов“.
6 1 Цар 7,1; 2 Цар 6,2 Ете, слушнавме за него во Ефрат,
го најдовме во шумските полјани.
7 5,7; 98,5; Ис 60,13 Ќе влеземе во живеалиштата Негови,
ќе се поклониме на местото каде што стоеја нозете Негови.
8 67,1; 4 Мојс 10,35; 2 Лет 6,41-42 Стани, Господи, во почивката Своја,
Ти и ковчегот на светињата Твоја.
9 Ис 61,10 Свештениците Твои ќе се облечат во правда,
и светиите Твои ќе се зарадуваат.
10 2,2; 83,9 Заради Давид, слугата Твој,
не одвраќај го лицето од помазаникот Свој.
11 88,2-3; 109,4; 2 Цар 7,12-16; 1 Лет 17,11-14; Дела 2,30 Му се заколна Господ на Давид во вистината
и нема да се одрече од неа:
„Од плодот на утробата твоја
ќе поставам врз престолот твој,
12ако синовите твои го запазат заветот Мој
и овие сведоштва Мои на кои ќе ги научам,
и синовите нивни довека ќе седат врз престолот твој“.
13 67,16; 77,68; 2 Цар 5,9 Зашто Господ го одбра Сион,
го избра за живеалиште Свое:
14„Тој е Мое почивалиште во вечни векови,
овде ќе се населам,
зашто него го избрав.
15Благословувајќи, ќе го благословам неговиот плен
и сиромашните негови ќе ги наситам со лебови;
16 Ис 61,10; Ер 31,14; 2 Лет 6,41 свештениците негови ќе ги облечам во спасение
и светиите негови ќе се зарадуваат со радост.
17 1 Цар 2,10; Ис 11,1; Ер 33,15; Ез 29,21; Зах 3,8; Лк 1,69 Ќе направам да изникне рогот на силата на Давид,
подготвив светилник за Мојот помазаник;
18 70,13; Јов 8,22 непријателите негови ќе ги облечам во срам,
а на него ќе процвета светињата Моја“.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.