1 95,1; 97,1; 143,9; Ис 42,10; Откр 5,9 Алилуја! Пејте Му на Господа песна нова,
пофалбата Негова е во собранието на светиите.
2Нека се развесели Израил на Оној што го создаде
и синовите на Сион нека Му се радуваат на Царот свој.
3 32,2; 67,25; 80,2; 150,3-4 Нека го фалат името Негово со оро,
со тапан и харфа нека Му пеат,
4 146,11; 1 Цар 2,8; Ис 61,9; 61,3-4 зашто Господ се одоброволува меѓу народот Свој
и ќе ги возвиши кротките кон спасение.
5Светиите со слава ќе се фалат
и ќе се зарадуваат на постелите свои.
6 Евр 4,11-13; 2 Мак 15,27 Величанија за Бога ќе има во грлото нивно
и мечеви со две острици во рацете нивни,
7 Зах 9,13-16 за да извршат одмазда меѓу незнабошците,
разобличување меѓу народите,
8да ги врзат царевите нивни со окови
и нивните ценети – со железни пранги на рацете,
9да го извршат меѓу нив напишаниот суд;
ваква ќе биде славата на сите светии негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.