Псалми 83 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 83Копнеж за Божјото светилиште

1 8,1 За крајот, за гмечалките. Псалм за Кореевите синови.

2Колку се мили живеалиштата Твои,

Господи на силите.

3 41,2.8; 121,1 Копнее и чезнее душата моја за дворовите Господови.

Срцето мое и телото мое Му се зарадуваа на Бога Живиот.

4 5,2 Зашто при жртвениците Твои,

и врапчето си најде дом и грлицата гнездо,

каде што ќе ги положи пилињата свои, Господи над силите,

Цару мој и Боже мој.

5Блажени се оние што престојуваат во домот Твој,

во вечни векови ќе Те фалат.

6Блажен е човекот кому поткрепата му е во Тебе, Господи,

возвишувања во своето срце тој си постави,

7 Ез 34,26; Јоил 2,23 во долината на плачот, во местото што самиот го назначи.

Зашто Законодавецот ќе даде благослови;

8одете од сила во сила,

Бог на боговите ќе биде виден во Сион.

9Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја;

чуј, Боже Јаковов.

10Боже, Заштитнику наш,

види и погледни на лицето на Својот помазаник.

11Зашто еден ден во дворовите Твои е подобар од илјада други.

Решив: подобро да бидам поттурнат во домот на Бога,

отколку да живеам во живеалиштата на грешниците.

12 46,9; 88,18 Зашто милост и вистина љуби Господ Бог,

благодат и слава ќе даде.

Господ нема да ги лиши од добра оние што во непорочност одат.

13Господи, Боже на силите,

блажен е човекот што се надева на Тебе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help