Псалми 75 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 75Големо е името на Бога во Израил

1За крајот, во химни. Псалм на Асаф, песна кон Асирецот.

2Познат е Бог во Јудеја,

големо е во Израилот името Негово.

3 121,6-7; 1 Мојс 14,18 И беше во мир местото Негово

и живеалиштето Негово во Сион;

4 45,9; 47,3-7 таму ги здроби силите на стрелите,

оружјето и мечот и војната.

5Ти чудесно светлиш од горите вечни.

6 4 Цар 19,35; Ер 51,39.57; Наум 3,18 Се збунија сите со неразумно срце,

богатите луѓе го сонија својот сон

и ништо не најдоа во рацете свои.

7Од заканата Твоја, Боже Јаковов,

задремаа јавачите на коњите.

8 5 Мојс 7,21; 10,17; Наум 1,6; Мал 3,2 Ти си страшен и кој ќе Ти се спротивстави?

Оттогаш е гневот Твој.

9Ти правиш да се чуе судот Твој од небото,

земјата се исплаши и се смири,

10кога Бог стана на суд

за да ги спаси сите кротки на земјата.

11Зашто мислата човечка ќе Те слави Тебе

и она што од мислата останува Тебе ќе Те празнува.

12Помолете се и возвратете Му на Господа нашиот Бог;

сите што се околу Него ќе Му принесат дарови

13на Страшниот,

Кој им ги одзема духовите на кнезовите и пострашен е од царевите земни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help